Американскиот претседател Доналд Трамп ги продолжи за уште една година санкциите воведени против Русија поради кризата во Украина, соопшти денеска Белата куќа.
– Акциите и политиките на Русија кои се наведуваат во овие извршни наредби се уште претставуваат невообичаена и голема закана за националната безбедност и надворешната политика на САД – се додава во соопштението потпишано од американскиот претседател Доналд Трамп.
Санкциите воведени против Русија поради кризата во Украина опфаќаат руски поединци, вклучувајќи и официјални претставници, бизнисмени и неколку компании, како и лидери од украинските региони Доњецк и Луганск.