Британскиот суд денеска го одложи разгледувањето на барањето за екстрадиција на Џулијан Асанж за 18 мај, а кого САД го бараат за судење за шпионажа по објавувњето голем број тајни документи.

Рочиштата што почнаа во понеделникот и завршуваат еден ден порано од предвиденото, ќе продолжат на 18 мај и ќе траат три недели во судот „Вулвич“ во источен Лондон.

Судијката Ванеса Барајтсер одлуката ќе ја соопшти налето.

САД минатата година побараа од Велика Британија да го екстрадира Асанж по укинувањето на азилот во еквадорската амбасада на британска почва. Тој таму мина седум години обидувајќи се да ја избегне екстрадицијата во Шведска, каде што имеше обвинение за силување, кое во меѓувреме е повлечено.

Вашингтон бара да му се суди за хакирање и ширење информации, кои, според американски официјални претставници, загрозиле животи на новинари, дисиденти и други лица во Иран, Ирак и во Авганистан.

Асанж се спротивставува на екстрадиција во САД и заедно со неговите адвокати и поддржувачи ја повика Велика Британија да го ослободи.