Израелскиот парламент утринава е распуштен, откако премиерот Бенјамин Нетанјаху не формира владејачка коалиција во рокот којшто истече на полноќ.
Кнесет, кој беше формиран пред помалку од два месеци, гласаше да се распушти парламентот со 74 гласови „за” и 45 „против”, објави АП.
Граѓаните на Израел ќе излезат на втори парламентарни избори годинава. Претходните се одржаа на 9 април. Нетанјаху не успеа да формира коалиција поради внатрешните конфликти на ултраортодоксните и ултранационалистичките сојузници, но и поради тоа што немаше консензус за предложените закони кои ќе го штитат премиерот од тужби.
Место да го препушти формирањето на владата на некој од неговите ривали, партијата на Нетанјахи – Ликуд испрати предлог-закон за распуштање во парламентот.