Рускиот претседател Владимир Путин изрази денеска подготвеност да разговара со украинскиот колега Володимир Зеленски во Москва, но само за билатералните односи, а не и за судирите во источниот дел на Украина.
– Ако станува збор за билатералните односи, тогаш секако сме подготвени во кој било момент да му посакаме добредојде на украинскиот претседател во Москва, истакна Путин, додавајќи доколку Зеленски сака да разговара за судирите во источниот дел на Украина треба пред се да им се обрати на проруските бунтовници, а не на него.
Зеленски денеска му предложи состанок на Путин во зоната на судири меѓу украинските безбедносни сили и проруските бунтовници.
Тензиите меѓу Русија и Украина се зголемени во изминатите недели поради зајакнатото присуство на руски војници на границата со Украина и на полуостровот Крим.
Руската армија соопшти денеска дека од утре почнува со повлекување на своите сили на границата со Украина. Киев го поздрави таквиот потег на Москва