Настаните во Нагорно-Карабах, Белорусија и Киргистан ја искомплицираа општата состојба во зоната на одговорност на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ).
Според претседателот на Русија, Владимир Путин, тие настани ја направија ОДКБ нестабилна.
– Тука мислам на вооружениот конфликт што избувна во Нагорно-Карабах во септември, во кој учествуваше земја членка на нашата организација, и на постизборните настани во Белорусија, која се најде под надворешен притисок без преседан, и на внатрешната политичка ситуација во Киргистан – рече Путин на видеосамитот на ОСКБ, пренесе ТАСС.