Рускиот патријарх Кирил служеше полноќна Велигденска литургија во Храмот на Христос Спасителот во Москва, на која присуствуваа и рускиот претседател и премиер Владимир Путин и Дмитриј Медведев.
Патријархот Кирил нагласи дека Велигден е најголемиот христијански празник кој ја симболизира победата на животот над смртта, пренесе агенцијата „Тасс“.
-Човековата култура стравува од она што нè очекува од другата страна на земниот живот, односно од што ќе ни се случи по смртта. Тоа сè уште е тајна и нерешено прашање за неверниците. Сепак, ние христијаните не се плашиме од одговорот, бидејќи ја славиме победата на Христа над смртта- рече патријархот Кирил во обраќањето кон верниците.
На литургијата присуствуваа и московскиот градоначалник Сергеј Собјањин и други јавни личности.