Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека е подготвен да одржи јавен онлајн разговор со американскиот претседател Џо Бајден во петок или понеделник.

Говорејќи на државната телевизија, Путин рече дека е подготвен да разговара за билатералните односи со САД, како и за други прашања како што се регионалните конфликти, објави „Ројтерс“.

Путин изјавил и дека ќе му нареди на руското Министерство за надворешни работи да се подготви за разговорот, еден ден откако Бајден рече дека смета оти рускиот лидер е убиец, а веќе лошите односи меѓу Москва и Вашингтон се спуштиле на ново ниво по Студената војна, наведува агенцијата.