Рускиот претседател, Владимир Путин, донесе одлука на 24 јуни да се одржи воена парада, која традиционално се одржува во Москва на 9 мај за Денот на победата.
Годинашната парада беше одложена поради епидемијата на коронавирусот.
Сепак, на 7 мај, десетици авиони и хеликоптери го покрија небото над Москва, како дел од подготовките за воздушната парада по повод 75-годишнината од победата во Втората светска војна. Во тој момент, никој не знаеше кога ќе се одржи парадата.
Денес, претседателот на Русија пресече и нареди парадата да се одржи на 24 јуни.