Рускиот претседател Владимир Путин на прес конференцијата по состанокот со американскиот колега, Џо Бајден меѓудругото рече дека Бајден не го поканил на гости, па поради тоа ни тој не го поканил да дојде во Русија.
Како што објасни, за такво нешто потребно е да се создадат услови.
На новинарско прашање што видел во очите на Бајден, Путин рече дека не може да каже ништо за неговата душа, но дека Бајден е „многу одмерен и конструктивен соговорник“.