Најмалку три лица загинаа во престрелка што се случи вечерва во центарот на Москва, во близина на зградата на Федералната служба за безбедност, јави „Раша тудеј“.
Еден службеник од ФСБ е убиен за време на пукањето, потврди портпаролот на ФСБ. Руските медиуми пренесуваат дека петмина се повредени, меѓу кои двајца службеници.
Според првичните извештаи, убиен е човек што пукал кон зградата на ФСБ и бил вооружен со автоматска пушка. Засега не е познато што точно се случило.