Американските власти оформија карантин на два универзитети во Лос Анџелес, каде се сместени голем број на луѓе, откако ширум САД беше прогласена епидемија на мали сипаници, изјавија официјалните лица, а пренесе „РСЕ“.
Во САД е забележан најголем број на случаи со мали сипаници од 2000 година.
Според податоците на американскиот центар за контрола и превенција на болести во САД се потврдени 695 случаи на опасно заразниот вриус. Голем број од случаите биле пријавени во Њујорк и Вашингтон.
Во Калифорнија се потврдени 38 случаи на мали сипаници.