Роџер Стоун политички советник на американскиот претседател Доналд Трамп е приведени денеска во Флорида од ФБИ поради седум обвиненија, меѓу кои за закани над сведок и лажни изјави.

Соопштението за приведувањето на Стоун е од тимот на специјалниот обвинител Роберт Малер кој врши истрага за руско евентуално мешање во претседателските избори во 2016 година и каков карактер имале врските меѓу кампањата на Трамп и Москва.

Стоун ќе биде изведен денеска пред суд.