Американскиот претседател Доналд Трамп го одобри предлогот на Емануел Макрон да ја покани Русија на самитот Г7 во САД следната година, напиша на „Твитер“ новинарката на „Си-ен-ен“ Кајли Атвуд, повикувајќи се на извори во американската администрација.
Претседателите на САД и Франција се согласија за време на телефонскиот разговор вчера дека Русија треба да биде поканета на самитот на Г7 следната година, напиша новинарката.
Таа додаде дека тоа е идеја на Макрон.
Се очекува Трамп да го покрене тоа прашање на самитот на Г7 во Бијариц овој викенд.
Претходно, американскиот лидер изјави дека нема ништо против враќањето на Русија и преродбата на форматот Г8.