Пакистанскиот премиер Имран Кан денеска возврати на обвинувањата од американскиот претседател Доналд Трамп дека Пакистан го криел Осама бин Ладен и покрај тоа што добивал милијарди долари американската помош.
Кан напиша на Твитер дека Пакистан има 75.000 жртви и изгубил 123 милијарди долари во „американската војна против тероризмот“, и покрај фактот што ниту еден Пакистанец не учествувал во нападите во САД извршени на 11 септември 2001 година.
Кан наведе дека САД им обезбедиле „минорна“ помош од 20 милијарди долари.
Трамп во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека секој во Пакистан знаел каде се наоѓа Бин Ладен и дека никој ништо не кажал и покрај тоа што САД годишно го помагала Исламабад со 1,3 милијарди долари годишно.
Трамп рече дека ја укинал таа помош, бидејќи „тие ништо не направиле за САД“.
САД и Авганистан долго време го обвинуваа Пакистан дека „замижува“ пред присуството на исламските екстремисти и им дава прибежиште на лидерите на авганистанските талибаци.
Пакистан ги негира тие обвинувања, истакнувајќи го големиот број на жртви кои ги има во судирите со пакистанските талибанци.