Руските граничари уапсиле повеќе од 160 државјани на Северна Кореја во Јапонското Море поради рибокрадство кога претходно во инцидент беа нападнати и повредени четири руски граничари, од кои еден бил ранет со огнено оружје, пренесува „Спутник“ цитирајќи го рускиот Истражен комитет.
– По координираните акции на крајбрежната стража, авијацијата и специјалните сили, граничарите запленија две ‘шкуне’, 11 моторни чамци, а уапсени се 161 државјани на Северна Кореја. Меѓу странците има повредени, на кои им е укажана неопходната помош – соопшти прес-центарот на ФСБ.
Руските граничари им ја одзеле забранетата опрема за риболов на уапсените лица, а против нив е поведена кривична постапка поради напад на службени лица.