Германски поштар, задолжен за местата Боргведел и Штексвиг, не им обезбедил на граѓаните изборен материјал за парламентарните избори што ќе се одржат в недела.

Криминалистичката полиција на Шлезвиг го пребарала неговиот стан и нашла стотици неиспорачани известувања за изборите.

Внатрешната истрага на Поштата покажала дека нејзиниот службеник не испратил до граѓаните 650 до 700 известувања за гласањето што ќе се одржи в недела.

Во меѓувреме, изборниот материјал сепак бил проследен до граѓаните, а против поштарот е поведена кривична постапка за повреда на поштенската тајна.