Џон Жаиро Веласкез Васкез, убиец кој работел за Пабло Ескобар, почина на 57-годишна возраст, јавувија светските медиуми.
Васкез, чиј прекар бил Попај, починал во колумбиски затвор. Неговата смрт беше потврдена од колумбискиот затворски систем ИНПЕК.
Според објавата на ИНПЕК, Васкез од 31 декември бил во болница. Како што пишуваат локалните медиуми, тој бил болен и подложен на хемотерапија.
Попај беше познат како десна рака на наркобосот Пабло Ескобар. Како еден од неговите најблиски соработници, киднапирал и убивал во негово име. Тој признал 300 убиства, а бидејќи бил меѓу водечките луѓе на картелот Меделин, се верува дека наредил илијадници ликвидации.
Во 1989 година, тој бил осуден на 30 години затвор за убиство на претседателскиот кандидат Луис Карлос Галан. По издржувањето на поголем дел од казната, Васкез бил ослободен во 2014 година. По ова стана доста популарен и зборуваше за својот живот на Јутјуб. Но, во 2018 година, повторно беше уапсен за кривични дела.