Американскиот медиумски магнат Самер Редстон, сопственик на „Си-би-ес“, „Ем-ти-ви“, „Парамаунт“ и други, почина синоќа на 97 години, извести семејниот холдинг „Нешнал Амусментс“.
Тој до 2016 година беше претседател на управниот одбор на „Си-би-ес“ и „Виаком“, кога поради нарушено здравје отстапи од должноста додека неговото семејство, кое е мнозински сопственик, се бореше за контрола на водењето на тие компании.
Тие две компании кон крајот на минатата година станаа дел од компанијата која управува со телевизиските мрежи „Си-би-ес“, „Ем-ти-ви“, „Комеди Централ“, „Никлодион“ и „Шоутајм“, како и филмските студија „Парамаунт“ и „Мирамакс“, како и издавачката куќа „Симон и Шустер“.
Според приходите, компанијата може да се спореди со најголемите американски телевизиски и филмски компании, како што се „Дизни“, „Тајм Ворнер“ и „Фокс“ од 21 век.
Медиумскиот магнат е роден како Самер Мареј Ротштајн во Бостон во 1923 година и го смени презимето, со еврејско потекло, во Редстон во 1940 година. Дипломирал на Харвард и бил член на американската армиска разузнавачка служба за време на Втората светска војна.