Почина една од трите преживеани патнички на авионската несреќа, што се случи минатата недела на Куба, со што бројот на жртвите се искачи на 111 патници.
Како што соопшти кубанското Министерство за здравство, младата жена на возраст од 23 години која беше во исклучително тешка состојба, почина во болница и покрај напорите на лекарите да ја спасат. Наведено е дека и останатите две преживеани патнички се во тешка состојба.
Авион на кубанската компанија „Кубана де авијасион“ со 113 патници и членови на екипажот се урна минатиот петок непосредно по полетувањето од меѓународниот аеродром во Хавана.