Во Франција е потврден шестиот случај на коронавирус, соопштија денеска извори од здравствените служби.
Франција минатиот петок потврди три случаи на инфекција со коронавирус по што следуваа и четвртиот во вторникот и петтиот во средата, пренесува агенцијата „Ројтерс“.
Бројот на загинати од коронавирус во Кина се зголеми на вкупно 170, според Националната здравствена комисија.
Бројот на заразени, пак, достигна 7.711, иако валастите се сомневаат дека има уште околу 12.000 непотврдени случаи.
Покрај во Кина, вирусот последниве неколку недели се прошири уште во најмаклу 15 земји, пренесе Би-би-си.