Сириските власти соопштија денеска дека постигнале договор за евакуирање на бунтовниците од Дума, последното бунтовничко упориште во близина на Дамаск, пренесе агенцијата Сана.
Евакуацијата на сите бунтовници ќе биде направена во следните 48 часа, додава истиот извор.
Договорот бил постигнат по неколкудневно бомбардирање на Дума.