Во Украина во последните две години имаше повеќе од 170 напади врз новинари, изјави денеска претседателот на Украинската национална унија на новинари, Сергеј Томиленко.
– Втора година по ред бележиме високо ниво на агресија против медиумските работници. Според нашите информации, во последните две години се регистрирани 175 случаи на насилство врз новинари – рече Томиленко.
Тој додаде дека во 2018 година имаше 86 такви инциденти, од кои 12 напади се извршени од страна на службени лица, 10 од страна на полицајци, а во повеќето случаи учествувале неидентификувани напаѓачи.
Томиленко констатираше дека само 10 отсто од овие случаи се дадени на суд, а повеќето напаѓачи минуваат неказнето.