Шефот на германската служба за внатрешна безбедност Ханс-Георг Масен ќе мора да замине во предвремена пензија поради политички говор што го одржал зад затворени врати и во кој критикувал „наивна и левичарска“ политика на владата и навести дека размислува да влезе во политиката.
– Го замолив претседателот предвремено да го пензионира шефот на службата за внатрешна безбедност – изјави министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер.
Тој додаде дека говорот на Масен „направил односот на доверба“ да биде невозможен.
Масен беше сменет на 18 септември од должноста шеф на внатрешна безбедност на Германија поради судири со канцеларката Ангела Меркел во врска со антимигратското насилство во државата. Тој тврдеше спротивно на канцеларката дека за време на антиимигрантски немири во Кемниц неонацистите не малтретирале имигранти.
Лидерите на владејачката коалиција постигнаа потоа договор Масен да биде „специјален советник“ во МВР за „европски и за меѓународни прашања“.