По неколкудневните обилни врнежи од дожд југозападна Франција денес ја погодија големи поплави, а неколку други региони, вклучително и источен Париз, се во состојба на готовност пред студениот бран што се очекува подоцна оваа недела.
Најголеми поплави има во градот Сент, кој е 115 километри северно од Бордо, каде реката Шарант била на скоро рекордно ниво од 6,20 метри.
Нивото на водата е на ниво на половината во неколку улици и до колена во многу делови на градот, пренесува „Ројтерс“.
Стотици луѓе се евакуирани, бидејќи влевањето вода во подрумите предизвика прекин на електричната енергија.
Во Париз, многу делови од кејот покрај Сена се недостапни со денови откако реката се излеа од коритото, но нивото на водата утрово беше 4,35 метри и сè уште беше далеку под неодамнешните рекордни височини од 5,88 метри забележани во јануари 2018 година и 6,10 метри во јуни 2016 година.