Aудио-снимката која „протече“ во јавноста, на американскиот државен секретар Мајк Помпео, наводно, ги обелоденува американските напори за обединување на венецуелската опозиција, чии врвни личности се очигледно премногу вовлечени во борбата за моќ за да станат следниот претседател ‘одобрен“ од САД, пренесува РТ.
Венецуелските лидери на опозицијата во ред чекаат за да ја преземат претседателската функција откако Николас Мадуро ќе биде соборен со помош на Вашингтон – а САД се борат да ги натераат да работат заедно, објави „Вашингтон пост“, цитирајќи ја протечената снимка. Снимката, наводно, била направена на состанокот на Помпео со еврејските лидери минатата недела.
Помпео вели дека напорите да се здружи обединетиот фронт против Мадуро не се само од изминатите месеци, туку датираат од времето кога тој станал директор на ЦИА, веднаш по заклетвата на Трамп за претседател.
-Од денот кога станав директор на ЦИА, тоа беше во центарот на она што претседателот Доналд Трамп се обидуваше да го направи- рече тој.
Задачата се покажала ѓаволски тешка зашто сите во опозицискиот логор се борат за лични интереси и не сакаат да се фокусираат на заедничката причина за државен удар.
-Во моментот кога Мадуро ќе замине, секој ќе ги крене рацете и ќе рече: Земете ме, јас сум следниот претседател на Венецуела. Ќе има четириесет и повеќе луѓе кои веруваат дека се вистинскиот наследник на Мадуро- вели аудио-записот на Помпео.
Во обид да ги принуди различните кловнови на Вашингтон да се здружат, Помпео се обидел да побара помош од верските организации.
-Се обидувавме да ги поддржиме разните религиозни институции за да ја принудиме опозицијата да се здружи- вели тој.