Државниот секретар на САД, Мајк Помпео изјави дека борбата против „штетното влијание“ на Русија е приоритет за американскиот буџет.
– Русија претставува закана која ги надминува границите на надворешна или воена агресија, а сега вклучува операции за влијание, чии цели се САД и земјите од Западот- се вели во писмената изјава на Помпео.
Според него, приоритет на тековниот буџет е САД да се спротивстават на штетното влијание на Русија во Европа, Евроазија и Централна Азија.