Стотици пожарникари гаснат шумски пожар што изби на периферија на Сиднеј, каде температуриата е невообичаено висока за ова време од годината, соопштија властите.
Полицијата отвори истрага за причините за пожарот што изби во саботата попладне, југозападно од Сиднеј.
Во пожарот изгореа 2.430 хектари шума, околните домови се евакуирани, и засега нема извештаи за жртви.
Во Австралија овие денови температурата е околу 30 степени Целзиусови што е необично топло за есен во државата. Летото, исто така, беше топло и суво.