Француските власти немаат основа за верување дека пожарот кој во април ја уништи париската Богородична катедрала, е последица на криминално дело, соопшти канцеларијата на париското обвинителство.
Одредени недостатоци можат да го објаснат обемот на пожарот, но до денеска не се утврдени преичините, се наведува во соопштението на парискиот обвинител, Реми Хејц. Тој додава дека е покрената истрага за можното невнимание кое го предизвикало пожарот.
Огромен пожар ја зафати катедралата, во кој изгоре покривот на црквата, а пожарникарите успеаја да го спасат главното ѕвоно, кулата и надворешните ѕидови.