Петмина либански демонстранти биле повредени вчера откако израелската армија фрлила солзавец кон нив на границата меѓу Либан и Израел, пренесува либанска новинска агенција.
Демонстрантите се искачиле на бетонскиот ѕид што го одделува Либан од Палестина во јужниот либански град Адаисе. Тие фрлале камења врз израелски тенк, па израелските сили за возврат исоукале кон нив канистри со солзавец, при што повредиле петмина, а други се задушиле. Демонстрантите, исто така, ги искорнале набљудувачките камери инсталирани на железната кула над ѕидот.
Либанско-израелската граница е сведок на секојдневни протести против израелската агресија врз Палестинците на окупираните територии.