Планот за закрепнување кое го предложи Европската комисија заедно со новиот повеќегодишен буџет е можност за ЕУ која не смее да ја пропушти, порача денеска претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лeјен.
Пакетот помош, наречен „ ЕУ идни генерации“, е осмислен да помогне на опоравувањето за Европа да стане отпорна, одржлива и дигитална“ изјави Лејен пред почетокот на виртуелниот состанок на врвот на земјите членки на ЕУ.
На состанокот за првпат ќе се разговара за планот за закрепнување и предлогот за повеќегодишен буџет на ЕУ за периодото од 2021 до 2027 година.
ЕК на 27 мај предложи план за закрепнување на економиите од коронакризата, вреден 750 милијарди евра и повеќегодишна финансиска рамка од 1100 милијарди евра.
Планот за закрепнување наречен „ЕУ идни генерации“ се состои од 500 милијарди евра бесповратна помош за најтешко погодените држави членки и сектори, како и 250 милијарди евра кои би се доделиле како деловни заеми. Вкупно за ВФО и инструментот за закрепнување и отпорност се предлагаат 1850 милијарди евра.
Лејен предупреди за потреба од брзо постигнување договор бидејќи, како што нагласи, нема време за губење.