Најмалку 16 лица се убиени, а повеќе од 30 се повредени во вторник во Кандахар, на југот на Авганистан, во експлозија на камион бомба, кого безбедносните сили се обиделе да го расклопат на делови.
Меѓу убиените има и полицајци и припадници на авганистанските разузнавачки служби, а поголем дел од повредените се минувачи.
Експлозијата се случила утрово во центарот на градот. Групата што имала намера да го употреби камионот бомба не се огласи.