Испитување на јавното мислење покажува
Анкета спроведена во шест земји покажува дека испитаниците очекуваат пандемијата од коронавирусот во светот да трае уште четири месеци. Податоците од анкетата, во која учествувале 6.566 луѓе од Јужна Кореја, САД, Кина, Германија, Италија и од Велика Британија, покажуваат дека граѓаните веруваат оти до крајот на епидемијата и враќањето во нормала во просек ќе поминат околу 17 недели. Резултатите велат дека испитаниците во Кина, каде што се појави епидемијата во декември лани, прогнозираат дека до враќање во нормала ќе поминат девет недели, пренесе јужнокорејската агенција „Јонхапа“.
Американците очекуваат дека пандемијата ќе помине за 15 недели, додека испитаниците во Јужна Кореја и во Германија за 17, а Италијанците и Британците за 22 недели. Дури 22 отсто од испитаниците веруваат дека можеби ќе поминат од пет месеци до дури две години пред да се врати светот во нормала. Онлајн-анкетата ја спроведе маркетинг-агенцијата „Флајшман – Хилард“ во периодот меѓу 30 март и 3 април.