Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн изјави дека успешно е запрено ширењето на ковид-19 во земјата, односно дека вирусот „во моментов е елиминиран“. Таа истакна дека не се регистрирани нови случаи во таа земја. Изјавата на Ардерн дојде неколку часа пред да го укине земјата највисокото ниво на социјални ограничувања, пренесе АФП.
– Ја стартуваме економијата. Ја добивме битката, но мора да останеме внимателни. Нема да ризикуваме со здравјето на нашите граѓани. Ако е потребно, ќе одиме и на ниво 3 – рече премиерката.
Ардерн изјави дека Нов Зеланд ќе имал повеќе од 1.000 новозаразени секој ден, ако не воведеле ограничувања навреме. Ограничувањата предвидуваат собирање во мали групи, односно со семејството и пријателите, со почитување на оддалеченост од два метра. Но сепак се забранети масовни собири и затворени се трговските центри, како и училишта и границите.