Американскиот претседател Доналд Трамп наводно го советувал турскиот колега Реџеп Таип Ердоган против турската офанзива во североисточна Сирија, нудејќи му продолжување на продажбата на американските воени авиони „ф-35“, во меѓусебен телефонски разговор, пренесува „Бизнис инсајдер“.
Трамп му понудил на Ердоган „навистина добар пакет“, како и други придобивки и претседателска посета, според сознанијата кои колумнистот на „Вашингтон пост“ Џош Рогин, ги добил од висок функционер во Стејт Департментот.
Предвидено е Ердоган да ја посети Белата куќа во ноември.
Трамп ја донесе одлуката за повлекување на американските трупи од североистокот на Сирија по телефонски разговор со Ердоган во неделата.
Наводната понуда на Трамп претставува отстапување од американската политика според која Турција е исклучена од програмата за развој на авионите „ф-35“.