Американската хемиско-фармацевтска компанија и произведувач на хербициди „Монсанто“ ќе исплати отштета од 2,55 милијарди долари, откако е докажано дека брачен бар заболел од рак поради нивните производи.
Судот во Оукленд, Калифорнија, го заврши судскиот процес и ја прогласи за виновна компанијата „Монсанто“ бидејќи нивниот производ Раундап предизвикал рак кај брачниот парк Алва и Алберт Пилиод. Судскиот процес докажа дека компанијата не ги информирала потрошувачите дека во производот постојат супстанции што се опасни за здравјето на луѓето.
Тужбата ја поднесе брачна двојка пензионери, која тврди дека заболела од рак поради средството за уништување плевел „Раундап“ на фирмата ќерка на Бајер – „Монсанто“.
Адвокатите на брачната двојка бараа отштета од над една милијарда американски долари. Тие оценија дека станува збор за „историска“ казна.
Компанијата соопшти дека е разочарана од одлуката на судот и најави дека ќе поднесе жалба.