Осум лица загинаа, а десетина се повредени во пожар кој рано утрово изби во хотел во украинскиот град Одеса, соопшти Украинската служба за вонредни ситуации.
Пожарот избувнал на вториот кат во хотелот „Токио Стар“.
Во гаснењето на огнената стихија учестувале 65 пожарникари и 13 возила. Се истражуваат причините за несреќата.