Осум луѓе загинаа во невремето што од неделата ја погоди Италија, објави цивилната заштита, додека денеска повеќето училишта останаа затворени.
Покрај петте жртви регистрирани вчера, еден маж загина во Венето при пад на стебло, исто како и пожарникар во регионот Трентино-Јужен Тирол, ангажиран во спасувачките операции. Една жена загина во надојдената река кал и камења во својата куќа во Трентино, објавија властите.
Kако што пренесуваат агенциите, во шест италијански региони е прогласен црвен метеоаларм заради силниот ветер и поројните дождови, а најзагрозени се Ломбардија, Венето, Лигурија и Абруцо.
Во многу италијански градови прекината е наставата во училиштата, меѓу нив и во Рим и Неапол.
Во Венеција дошло до драстично покачување на нивото на морето.