Земјите членки на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ) денеска изгласаа значителчно зголемување на своите овластувања, всушност не само да констатира хемиски напад, туку и да ги посочи сторителите.
Досега ОПЦВ немаше можност да каже кој е одговорен за некој хемиски напад.
Предлогот за проширување на овластувањата е од Велика Британија.
– Со денешната одлука ОПЦВ не само што ќе може да каже дали е употребено хемиско оружје, туку и кој го употребил – изјави британскиот претставник Питер Вилсон.
Гласањеро заврши по дипломатскиот застој во текот на дводневниот состанок, на кој Велика Британија и нејзините сојузници беа на една, а Сирија и Русија на друга страна.