Александрија Окасио-Кортез од Њујорк и Илхан Омар од Минесота, двете членки на прогресивниот дел на демократите, ги вратија своите места во Конгресот, пренесува „Гардијан“. Други две познати конгресменки, Ајана Пресли од Масачусетс и Рашида Тлејб од Мичиген, исто така се враќаат во Конгресот. Овие четири политичарки, сите Афроамериканки, се прославија пред се поради нивните остри настапи против Доналд Трамп. И тие неформално се нарекуваат „одред“.
„Нашето сестринство е издржливо“ напиша Омар на Твитер.
– Служењето во Њујорк 14 и борбата за работничките семејства во Конгресот беше најголема чест, привилегија и одговорност во мојот живот. Благодарам на Бронкс и Квинс што ме избраа и ми доверија да ги застапувам повторно и покрај милионите потрошени против нас – рече Окасио-Кортез, која ги критикуваше недоволните напори на демократите да освојат латино гласови.
„Постои стратегија и насока, но не е направен потребен напор. Имаме уште работа“, додаде таа.
На гласачите им се обрати и Пресли.
„Ние се организиравме. Се мобилизиравме. Ние ги легитимиравме нашите вредности. Горда сум што сум ваш конгресмен и работен партнер. Верувам во нашата сила. И ние само што започнавме “, напиша Пресли.
Тлејб, која заедно со Омар е една од првите две муслиманки во Конгресот, и` напиша честитка на Пресли.
„Одредот е голем“, напиша таа.