Крадци успеале да извршат грабеж во руски воен авион Ил-80. Авионот служи како стратешки команден авион на руските вооружени сили во случај на нуклеарен конфликт, што тие го нарекуваат и „авион на судниот ден“, пренесува руска „Газета“.
Авионот се наоѓал во регионот на Ростов поради планирана модернизација и надградба.
Шефот на службата за безбедност во погонот „Беријев“ во петокот се обратил до полицијата, изјавувајќи дека, кога авионот бил прегледан рано наутро, биле пронајдени траги од отворање на одделот наменет за товар.
ТВ РЕН објави дека е украдена комуникациска опрема, но не наведе што точно недостасува.
„Авионите на судниот ден“ се наменети за претседателот, министерот за одбрана и другите членови на највисокото воено раководство во случај на нуклеарен конфликт, доколку се уништат или оштетат контролните структури на теренот, објаснува „Газета.ру“.