Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, и пристигнувањето на најмоќните луѓе во светот, придружувани од бројни делегации и уште поголем број медиуми, ги наполнија сите сместувачки капацитети. Според информациите на Booking.com за неколкуте преостанати соби во Давос потребно е да се издвојат помеѓу 1.676 и 2.794 евра за една ноќ.
Светскиот економски форум во Давос беше отворен синоќа, а првите сесии започнаа денес. Само трошоците за безбедност се проценуваат на 40 милиони франци.
Дводневниот престој на американскиот претседател Доналд Трамп ќе ги чини американските даночни обврзници повеќе од 3,4 милиони долари за изнајмување автомобили и хотелски соби.