Норвешкиот министер за сообраќај Кетил Солвик-Олсен денеска поднесе оставка давајќи и предност на кариерата на сопругата, која работи како докторка.
– Беше прекрасно да се биде министер за сообраќај и врски и всушност на драга волја би продолжил така до крајот на животот – рече Солвик-Олсен, член на Партијата на напредокот, кој на таа позиција е од 2013 година.
– Но сега дојдов на крстопат во животот, кога е ред мојата сопруга да продолжи со остварувањето на нејзиниот сон. Тоа е договор што го направивме пред многу години – објасни министерот за медиумите.
Тој додаде дека неговата сопруга прифатила работно место во една детска болница во САД.
Неговата одлука наиде на воодушевување на социјалните мрежи.