Во артилериски напад врз густо населен станбен кварт на престолнината Триполи. Нападот го извеле силите на командантот Халифа Хафтар, а загинале најмалку четворица цивили.
– Хуманитарната ситуација е катастрофална – изјави претставникот на либиското Министерство за здравство Амин ал-Хаџеми.
Тој рече дека и покрај апелите за прогласување на прекин на огнот за властите да можат да се организираат за адекватен одговор на ширењето на коронавирусот, артилериските напади на силите на командантот Хафтар од тешки артилериски орудија не пекинуваа со часови, дури стануваа се поинтензивни.
ОН го осудија интензивирањето на артрилериските напади врз Триполи, а претставникот на светската организација Стефан Ѓујариќ побара прекин на огнот од хуманитарни причини, за да се спречи ширењето на вирисот.