Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху повтори дека планира да ги припои населбите на окупираниот Западен брег, но не даде временски период за реализација на ова ветување кое го изнесе пред пет години во пресрет на изборите.
Во говор во Елкана, населба на Западниот брег, по повод церемонијата за почетокот на учебната година, тој рече дека израелската држава ќе го прошири својот суверенитет на сите населби, пренесе „Ројтерс“.
Населбите на Западниот брег се едно од најчувствителните прашања во израелско-палестинскиот конфликт. Палестинците изразија стравување дека Нетанјаху би можел да пркоси на меѓународниот консензус и да ја добие поддршката од блискиот сојузник, претседателот на САД, Доналд Трамп, наведе „Ројтерс“.
Нетанјаху даде слично ветување во пресрет на општите избори во април. По изборите тој не успеа да формира владејачко парламентарно мнозинство, па новите избори ќе бидат одржани на 17 септември.