Американскиот претседател Доналд Трамп и неговите адвокати нема да присуствуваат на сослушувањето за импичмент кое ќе се одржи задутре во Конгресот, бидејќи, како што се наведува во изјавата од Белата куќа, на истото ќе му недостига „праведност“, пренесува Би-би-си.
Сослушувањето ќе го одбележи сведочењето на правни експерти за процесот на импичмент.
По неколкунеделното сослушување на сведоци зад затворени врати и јавните расправи, процесот сега ќе се фокусира на можните обвиненија за злоупотребата на службeна должност.
Трамп се соочува со обвинувањата дека извршил притисок врз Украина за да спроведе две истраги, со цел да оствари политичка корист. Американскиот претседател ги отфрли ваквите обвинувања против него.