Десетте најкатастрофални временски непогоди во 2018 година предизвикале вкупна штета од 84,8 милијарди долари, соопшти хуманитарната организација „Кришчан Ејд“.
Во соопштението се посочува дека во годинава на заминување сите населени континенти на Земјата се соочиле со временски непогоди предизвикани од климатските промени, што ја наметнува неопходноста од итни мерки во справување со глобалното затоплување.
– Податоците укажуваат дека во моментов климатските промени имаат катастрофални последици врз животот и егзистенцијата на многу луѓе, изјави претставникот на „Кришчан Ејд“, Кет Крамер.
Според податоците на организацијата, најголеми штети во износ од 32 милијарди долари предизвикале ураганите Флоренс и Мајкл, при минувањето низ САД, Карипскиот Регион и Централна Америка.
Во САД дополнитечни штети од најмалку девет милијарди долари предизвикале и шумските пожари во Клаифорнија, при што загинаа десетици лица и беа уништени илјадници домови.
Налетот на тајфунот Џеби во Јапонија предизвикал штета од над 9,3 милијарди долари, додека сумата е надополнета и од сушите во Европа, поплавите во Индија и ударите на тајфунот Мангхут на Филипините и во Кина.
Штетите се пресметани врз основа на податоци добиени од владите, банките и осигурителните компании, но во некои случаи со нив се опфатени само метеријалните загуби, но не и човечките.