Нападот на саудиската рафинерија со дронови и крстосувачки ракети испрати силна порака, а тоа е дека дури и евтини оружја какви што користат Иран и Хутите, неговите сојузници во Јемен, можат многу лесно да победат милијарди долари вредна воздушна одбрана. Нападот беше ефикасно изведен затоа што директно го погоди главниот капацитет поради што се намали за пет отсто светското производство на нафта.
Поранешниот службеник во ЦИА, Боб Баер, одамна предупредуваше за ранливоста на рафинеријата во Абкаик. Во регионот стана јасно дека милијардите долари што Саудиска Арабија ги потроши на воздушна одбрана паднаа во вода пред евтината технологија.
Хутите веднаш презедоа одговорност за нападот додека Иран негираше секаква вмешаност. Доказите не можат да покажат дека оружјето што се користело во нападот потекнувало од Јемен, Ирак или Иран, затоа што не постојат доволни информации.