Владата на Нов Зеланд откупи повеќе од 10 илјади парчиња огнено оружје во период од еден месец, како дел од планот за зголемување на безбедноста во државата по нападите во џамиите во Крајстчрч во март оваа година, објави „Гардијан“.
Премиерката Џасинда Ардерн, по терористичкиот напад спроведен од Австралијанецот поттикнат од теоријата за надмоќност на белата раса, одлучи за ги засили законите за поседување на оружје и да ги забрани воени полуавтоматски пушки, а притоа да одвои 150 милиони новозеландски долари за да го откупи оружјето кое со законите стана нелегално.
Планот за откупување на оружјето на владата започна на средината на јули и оттогаш, 10,242 парчиња оружје беа пријавени во полицијата, а додатни 1.269 парчиња беа предадени со амнестија.
Амнестијата значи дека полицијата нема да прашува кога или како луѓето стигнале до сега забранетото оружје, дури иако немаат дозвола за користење или документ за него.
За ралика од САД, каде цивилите купуваат и носат оружје за лична заштита, мнозинството на луѓе кои имаат пушки и пиштоли во Нов Зеланд велат дека тоа им е за спортска и рекреативна употреба и за лов.
Се проценува дека во Нов Зеланд има меѓу 1,2 до 1,5 милиони луѓе кои поседуваат оружје кое сега е нелегално и тие до 20 декември ќе мораат да го предадат на властите. Казната за поседување на забрането оружје или дел од него е две до пет години затвор.