Во земјоресот со јачина од 7,2 степени според Рихтер, кој вчера го погоди Хаити, загинаа најмалку 304 лица, додека пак повредени се 1.800.
Премиерот Ариел Анри рече дека испраќа помош во областите каде што градовите се уништени, а болниците се полни со пациенти.
Епицентарот на земјотресот бил на околу 125 километри западно од главниот град Порт-о-Пренс, на длабочина од 10 километри.
Американскиот систем за предупредување од цунами издаде предупредување за цунами по земјотресот, но го укина подоцна. Медиумите во Хаити објавија дека некои жители на крајбрежните области веќе избегале кон планините.