Најмалку 31 лице е убиено денеска во самоубиствен бомбашки напад во Кабул, главниот град на Авганистан, соопштија локалните власти.
Портпаролот на Министерството за здравство првично рече дека четири лица загинале, а 15 луѓе се ранети во нападот што беше изведен во центарот за регистрација на гласачи.
Подоцна бројката на загинати се искачи на 31, додека ранети се над 50 луѓе.
Никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Талибаните не ги признаваат авганистанските власти, ниту, пак, претстојните парламентарни избори распишани за октомври.